РАБОТИЛНИЦА НА МЛАДИ КАЈ АЧЕ

Подмладокот на ДЛУП ја користи отворената галерија во ЦК “Марко Цепенков” како работилница. По завршувањето на наставата во средните училишта, скоро сите членови на подмладокот се збираат на едно место и вежбаат да цртаат како нивните постари колеги.

Како што објасни Кристијан Стојаноски, кој е претседател на друштвото на младите ликовни творци, сé што е потребно е желба за цртање, талент, најмалку шест сопствени дела и возрасна граница над 14 години.

Друштвото брои девет члена кои прво сликале подучувани од ментори, а сега самостојно и по свој избор цртаат или сликаат што им носи душата.

Тројцата најактивни идни сликари се Кристијан, Владимир Здравески и Филип Цакоски кои велат дека се трудат почесто да ја користат работилницата која во летото вриела од идни таленти.

Подмладокот на ДЛУП е формиран пред седум месеци. 

Loading