ПРЕПОРОД ЗА ИНСТИТУТОТ ЗА СТАРОСЛОВЕНСКА КУЛТУРА

Ќе се подмлади Институтот за старословенска култура и ќе доживее препород по повеќе од 15 години. Планирани се седум нови вработувања, од кои пет помлади асистенти – истражувачи, еден програмер и библиотекар. Засилувањата ќе овозможат нормално функционирање на сите одделенија кои последните години беа кадровски десеткувани, односно имаше по еден до двајца советници и истражувачи, што беше недоволно за нормалното функционирање на институцијата, која натаму ќе понуди стратегија за долгорочен развој.

Надлежните сметаат дека е добро што науката конечно дошла на дневен ред, а и плановите да се развива стратегија за културен туризам.

– Министерството за животна средина годинава треба да оддели средства за план за управување со споменикот на природата Маркови кули, кој е под наша надлежност. Воедно планирано е да се отворат две нови одделенија – едното за заштита на животната средина, а другото за културен и религиозен туризам, со што ќе се исполни нашата мисија за едуцирање на нови кадри – вели Ели Луческа, директор на Институтот за старословенска култура.

Loading