ПРАЗНИЧЕН ПАНАЃУР

ОУ “Добре Јованоски”

Пред да заминат на долго очекуваниот зимски распуст учениците и вработените во ОУ “Добре Јованоски” организираа празничен панаѓур на кој ги понудија производите од рачна изработка на штандовите распространети ширум ходникот.

Силен беше ученичкиот порив за изработките. И родителите и наставниците не можеа да одолеат да купат некоја од креациите, вешто создадени од детските раце. Повеќеетничкото училиште е светол пример за соживот каде на најразличен начин се прославуваат и христијанските и муслиманските празници.

Loading