Историја
Останаа во спомен не само првенствените, туку и пријателските на ФК Победа. Често екипата се среќаваше со југословенските прволигаши, Вардар, Раднички Ниш, Партизан… Некогаш на турнирот во Крушево, некогаш на стадионот “Гоце Делчев”. Во летото 1977 година гостуваше Раднички Ниш, предводен од некогашниот центарфор на Црвена звезда, Панајотовиќ. Гостите како со потценување влегоа во натпреварот и доживеаа стрес. Тимот на Т. Тодороски, Глигороски, Магдески, Манески тргна офанзивно и се заредија голови. Прволигашот не знаеше каде се најдува. Конечниот резултат беше 7-3 за Победа. Седум гола Раднички во тоа време не примаше на три – четири натпревари, но Победа немаше милост. Како се вратиле Нишлиите дома, само се претпоставуваше. Наведнати им биле главите, бидејќи навивачите им се подбивале.
Со Раднички Ниш, пријателска, во зима одигра и 11 Октомври. На снежниот терен на Спортскиот центар, загуби со 1-3.
![]()

