ПЕНЗИОНЕРСКО КАТЧЕ СТАНА ДОМОТ “СПИРО ЗАБРЧАНЕЦ”

Неколку илјади пензионери од месната заедница Варошко маало добија свој клуб за собирање во домот “Спиро Забрченец”. Локалните власти им го предадоа објектот на Здружението на пензионерите, луѓето од третата доба да можат да се собираат, да промуабетат со кафе и сок, да осознаат новини од дневните весници, да се релаксираат со домино и шах и да минуваат дел од пензионерскиот живот во заедништво со генерациските врсници од месната заедница.

Претседателот Кирил Ѓорѓиоски истакна дека адаптацијата на просторот е извршена од  локалната самоуправа, а инвентарот и опремата се набавени од Здружението.

Предавањето во употреба на клубот го збогати пејачката група “Весели пензионери”.

Со поддршка на локалната самоуправа, веќе постои клуб на пензионерите во Домот на Рид. 

Loading