ОДМОР ДО УТРЕ

Одбојка

Младите одбојкарки на ЖОК 11 Октомври го привршуваат зимскиот одмор.Прозивката на тренерот Глигур Локвенец е закажана за в сабота. Детската врева по нецел месец пак се враќа во салата од КГС Партизан. Без топка крај мрежата не можеа да издржат и доброволно неколкупати сами одработуваа, а од сега натаму секој ден е испланиран и ќе тренираат по фази.

Екипи се оформени од пионерската и кадетската школа, кои, освен пријателски средби, одигруваат и првенствени во државната лига. Есеноска учествуваа на првиот турнир со два меча. Се чека распоред од Федерацијата за одредување на термин и место на вториот турнир. Искуството е најзначајно на овие натпревари.

До лига – турнирот, ЖОК 11 Октомври најавува серија контроли. Не се одбираат полесни, туку се бараат посилни ривали.

Loading