Реконструкцијата на ”Плоштадот Методија Андонов – Ченто” ќе започне од ул. Борка Талески на потегот од О.У. Кочо Рацин па се до поранешната Градска кафеана. Обновата на плоштадот е на површина од околу 8.000 метри квадратни и ќе се одвива во три фази. Реконструкцијата опфаќа замена на постоечкиот плочник со нови мермерни и гранитни плочки, а предвидено е и зголемување на постојните зелени површини, поставување на модерна урбана опрема како и обновување и ревитализација на осветлувањето.