Со изградбата на транспортниот центар како нужност се јави преместувањето на противпожарниот дом на друга локација. Изборот е старото индустриско училиште, кое зјае без употребна вредност со години.
Реновираната зграда за противпожарната единица ќе биде архитектонски решена пожарникарите што е можно побрзо да интервенираат на огнени стихии или други незгоди. Зградата ќе се опреми со сите неопходни средства за престој на вработените, кои за миг ќе можат да пристигнат на местото за гаснење. Тие ќе добијат и кураж плус со новите 14 живото спасувачки “оклопи” и без страв да можат да се справуваат и со најжестоките пламени јазици.