НАЈ – КАРАТЕ УЧИЛИШТЕ

ОУ “Кочо Рацин”

На државниот натпревар во Кочани, организиран од Сојузот на училишен спорт, дури седум ученици од ОУ “Кочо Рацин” се вратиле со награди.

На мечевите по кати прво место освоиле седмоодделенците Анастасија Матеска, Константин Василески и Звонко Николоски. Сите имаат кафеав појас, а се бројат деновите кога ќе го затегнат кимоното со црн.

Со сребро се закитиле Кириана Камческа и најмалата Цвете Трајческа која е прво одделение. Цвете, иако без појас, успеала да се избори за второто место покрај 30-на учесници од цела Македонија. Тоа е доказ дека за каратето не е потребна надворешна, туку внатрешна големина и талент.

Трето место освоиле Матеја Талески и Никита Николоски, кои исто се опашуваат со кафеави појаси.

Некои тренираат во КК Лукас, други во КК Ронин, но успехот  зависи од поединецот. Наставничката по физичко воспитување Роза Стеваноска вели дека со добиените награди, ОУ Кочо Рацин е прогласено за нај – карате училиште.  

Loading