ИЗЛОЖБА НА 30 УМЕТНИЦИ

Од синоќа во ЦК ,,Марко Цепенков,,

Под мотото “Јас, уметникот” од синоќа во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков” е отворена изложба на дела од членовите на Друштвото на ликовни уметници на Прилеп.

На изложбата,  посветена на денот на уметноста, се претставија Марјан Стојаноски, Александар Тодороски, Емилија Ѓорѓиоска – Димоска, Рада Тодорова, Ристо Тошески, Бети Макеска, Борис Јованоски, Бојана Артиноска, Лепа Милошевска, Орде Стамболџиоски, Наде Тоскоска, Дарко Талески, Марија Ѓорѓиоска, Вера Николоска, Павлинче Илиоска, Магдалена Нунеска, Драган Темоски, Елена Ѓорѓиоска, Зоран Ѓорѓиоски, Ангелка Башеска, Драгомир Михајлоски – Пижата, Емил Солески, Марија Стојаноска, Тони Чатлески, како и членовите на подмладокот на ДЛУП – Кристијан Јованоски, Владимир Здравески,  Александра Ацеска, Катерина Паскоска, Ивана Павлоска, Натали Башеска, Ивана Ѓоргоска.

Ова е прва од четирите изложби што ДЛУП ќе ги реализира годинава на различни теми.

Loading