На патот за вештачкото езеро, уште во урбаниот дел на Прилеп, на левата страна се наоѓа неасфалтирано патче кое води до зад касарните. Покрај патот има знак кој јасно укажува дека фрлањето на отпад на ова место ќе биде казнето. Ама несовесните лица, знакот го сфатиле на подбишега, па местото покрај патот е дива депонија од неколку декари. Празни пластични шишиња, искинати алишта, пеплосан отпад и сé што му “прилега” на една диво сметиште.
Можеби луѓето зборот казна од знакот го сфатиле како награда?!