Повеќе заинтересирани граѓани, денеска ќе зачекорат на црвениот тепих во Општина Прилеп. Отворениот ден за граѓани ќе се одржи по десеттипат.
Вработените во јавните институции, претставници на невладиниот сектор и сите заинтересирани, кои се пријавија за посета, ќе се запознаат со работата на Локалната самоуправа и градоначалникот. Ќе ги посетат едношалтерскиот систем, Инспекторат, Секторот за урбанизам, Архивата, Сектор за Општоправни работи, Финансии, Раководителите на одделенијата, Секторот за Просторно и урбанистичко планирање, Секретарот, шефот на кабинет и кабинетот на Градоначалникот, запознавајќи се со начинот на функционирање и со организацијата на работата во Општина, поставувајќи прашања за процедурите на носење одлуки од сите области .
На гостите ќе им биде презентиран филм во кој се опфатени сите досегашни реализирани проекти на општината како и проекти во реализација кои ќе му дадат нов лик на градот.