Синоќа в Библиотека
“Методија Шаторов – Шарло, документи и материјали” во избор, предговор и редакција на професор д-р Зоран Тодоровски, во соработка со Ристе Бунтески, е изданието на Државниот архив на Македонија што се претстави синоќа. На промоцијата говореа професор д-р Владо Поповски и професор д-р Новица Велјановски.
Изданието е прв зборник на документи и материјали, пишувани од Методија Шаторов – Шарло. На околу 500 страници пренесени се околу 105 документи и 45 писма, прогласи, декларации и повици на ПК на КПЈ за Македонија. Во содржината е шарловото полициско досие, што се објавува првпат. Зборникот е збогатен и со фотографии.
Трудот фрлаа нова светлина на досега непознати погледи и активности на Шаторов. Низ документите и материјалите се откриваат фрагменти од животот и револуционерниот пат на овој македонски и прилепски комунистички деец, особено неговите политичко – програмски погледи и залагања во однос на слободата, државноста и националноста на Македонија и македонскиот народ.
![]()

