Уште пет парцели за куќи во новата населба Градина се понудени за продажба. Пријавувањето на физичките и правните лица е до 28 јануари, а електорнското наддавањето е на 31 јануари. Почетната цена е 60 денари за м2 со чекор од 10 денари. Објектите треба да бидат енергетски ефикасни со соларни ситеми и термоизолациона фасада.
Локациите се атрактивни за младите брачни двојки, оти се продаваат просечно за 400 – 500 евра, односно со уплата на комуналиите, изградбата на куќа со просечни градежни материјали би чинела од 30 – 35 илјади евра, колку двособен стан на старо во центарот.
Парцелите се просечно по 300 м2, за изградба на куќи со површина од 120 м2, со приземје, два ката и поткровје. Градина ќе има околу 400 куќи кои ќе се градат модул по модул со 40-50 локации.
Досега се продадени се 18 парцели за куќи. До крајот на годината планирано е да се продадат околу 100 локации. Населбата ќе има енергетски ефикасни светилки и ќе се користат бунари за вода за полевање на дворовите.
Предвидени се средства во буџетот за 2013 година за изградба на комплетна инфраструктура.