СО ЧЕТКА ДО КОМПЈУТЕР

Гимназија “Мирче Ацев”          

Светот би бил “заглавен” и телеграфите уште би работеле, ако не се измислил Интернетот. Глобалната мрежа го допира секој ќош од планетава и протокот на информации и податоци никогаш не бил побрз. Секојдневието не може да се замисли без Фејсбук, Твитер, е-маил… За да ги промовираат добрите страни на интернетот, ВИП организирал натпревар за најдобра уметничка творба на тема “Интернетот како храна”. Гимназијалците Филип Мирчески и Ангела Маркоска како најдобри, сликите, цртани на часовите по ликовно кај професорката Виолета Блажеска ги скенирале и ги пратиле на конкурсот. Филип со сликата, каде ги преставиле логоата на популарните сајтови како храна, и стрипот на Ангела, каде “пилето” од Твитер од птичја перспектива го гледа Прилеп, им донело нотбук.

Учествувале преку 400 ученици, зашто сé одело преку е – пошта, па повторно се потврдува корисноста на интернетот.

Loading