ПРВА ПО ГРАЃАНСКО

Осмоодделенката Бојана Тодороска од ОУ “Климент Охридски” многу добро ги знае ученичките права и обврски. Домашното воспитување и теоријата научена по Граѓанско образование, í донеле прво место на општинскиот натпревар во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”, по повод денот на човековите права. На “мегдан” била со 20 ученици. На тестот со заокружување точни одговори и на прашањата со дополнување и дефинирање, Бојана одговорила најдобро што можела на 40-те прашања. Со 63, од вкупно 70 бода, заслужено го освоила првото место. За тоа добила диплома и благодарница за менторот Каролина Јовеска. Ученичката вели дека градивото е корисно во секојдневието и секој треба да има барем основни знаења. Наградите не í се туѓи на Бојана.Освила второ место (екипно) во натпреварот за противпожарна заштита, а лани била прва на натпреварот по применета математика.

Слободното време го минува, гледајќи филмови со другарките и прошетки.

Се двоуми за средно – дали гимназија или медицинско. За гимназија ја влечат другарките, а за медицинско, срцето, оти сака да стане очен доктор. Карактеристиките на смиреност, упорност, надградба на знаењето и желбата за помош на луѓето, ја красат Бојана, а кои се совпаѓаат со потребите за офталмолог.

Loading