Две пони коњчиња се “новите жители” на Паркот на револуцијата. Двете мали коњчиња со соодветна служба ќе им бидат ставени за уживање на граѓаните за гледање, а на најмалите, пакрај за галење на гривите, и за јавање низ уредениот парк. Нема да галопираат, туку ќе претставуваат атракција за збогатување на амбиентот, на паркот што неколку години е собиралиште на децата, младите и возрасните.
Локалните власти во соработка со друштвото на одгледувачи на егзотични птици Трагопан го облагородија просторот со населување на десетина чифта украсни птици во уреденото катче со кафези.
Од историски паметник каде е Могилата на непобедените и Алејатата на десетте прилепски народни херои, реконструираниот парк стана културно историско и рекреативно средиште. На просторот се изградени летна сцена за концерти, фонтани, поставена е урбана опрема под сенките, озеленети се огромни површини со трева и цвеќиња, осветлени се шеталиштата и поставена е трим патека. Покрај паркот се наоѓаат неколкуте терени за кошарка, мал фудбал, одбојка на песок, тенис и голем фудбалски тревнат стадион.