
Детскиот хор “Мали ангели” го имаше огненото крштевање. Предизвика овации со изведбите на неколку преработки на новогодишниот концерт. Детските гласови прозвучија хармонично на композицијата од Брамс, италијанската Канон, божикната “Тивка ноќ”, сплетот од 4 композиции – “Ој девојче, девојче”, “Црно и бело”, од Калиопи, “You are my sunshine“, “Ода на радоста” од Бетовен… Исидора, Јана, Стефан, Марта, Нина, Сара, Михаела, Маја, Елена, Ана… се дел од 35 деца, на возраст од 8 до 12 години, се среќни што се дел од хорот. Задоволна е и диригентката професорката Славица Конеска – Темелкоска, која вели децата покажуваат одлични гласовни можности, поддржани од Арт тен продукција.
![]()

