Претседателот Ѓорѓе Иванов на свечена церемонија го означи враќањето на околу 500 професионални војници на првата механизирана пешадиска бригада од армијата во касараната “Мирче Ацев” по седум години. Врховниот команадант рече дека армијата во мировните мисии во странство придонесува за раст на угледот на Македонија во светот. Градоначалникот Марјан Ристески оцени дека враќањето на војската има безбедносен и економски аспект за градот.