СОУ “Мирче Ацев”
Прилепската гимназија му оддаде почит на патронот, народниот херој Мирче Ацев. Точно 70 години поминале од неговата маченичка смрт, а гимназијата го славеше 68 годишното постоење како образовна институција. Патронатот беше проследен со низа активности во кои учество зедоа и соборците на Ацев од Сојузот на борци од НОВ. На Могилата беше положено свежо цвеќе, а пред бистата на народниот херој кај гимназијата се поклонија членови од локалната самоуправа, наставничкиот колегиум и Сојузот на борци. Имаше турнир во шах и рецитирање на лични творби за патронот.
– Годишнината се покри со црна лента, затоа што трагично загина наша матурантка. Дел од академијата í беше посветена на неа – изјави директорот на гимназијата, Кире Николоски.