НАУМОСКИ ВО КИЕВ

11 Октомври

Во 11 Октомври приоритет им е да ги задржат најдобрите. Засега донекаде успеваат. Исписница има земено само Филип Мирчески кој оди во кичевскиот прволигаш Напредок. За младинскиот репрезентативец Јорданчо Наумоски дојде понуда за тренинзи со Б тимот на Динамо Киев, така што еден дел од зимскиот период ќе мине таму.

Најавени се двајца нови, првиот е стопер од Брегалница Штип, вториот напаѓач од струмичка Беласица. Тоа се млади фудбалери и ништо чудно ако се знае дека тимот есеноска се потпираше само на голобради. Подготовките стартуваат на 23 јануари, а тренерското трио Тони Наумоски, Дарко Крстески, Круме Митрикески, најавува содржајни подготовки. Во февруари екипата се сели десетина дена во Охрид.

ФК 11 Октомври пролетта ја чека од осмото место со 23 бода.

Loading