НАУКАТА ПОБЛИСКУ ДО ТУТУНАРИТЕ И ОТКУПУВАЧИТЕ

Д-р Гордана Мицеска – нов директор на Институтот за тутун

Ќе понудиме нови сорти тутун

– Огромно е значењето на Научниот институт за тутун за тутунското стопанство  во земјата со долгогодишната научно истажувачка работа, бидејќи Македонија забрзано чекори кон иднината и кон евроатланските интеграции. Во услови на сеопшта глобализација Институтот го следи светскиот технолошки развој во науката. Успешно ја реализираме програмата “како интегриран, модерен и одговорен субјект, со перманентна борба за квалитет” – вели новиот директор д-р Гордана Мицеска.

Според неа, потребен е раст на обемот на научно истражувачка работа во насока на користење на средства од програмите на ЕУ како што се ТЕМПУС, ФАРЕ, средства за развојот на индивидуалното земјоделско производство, преку ИПАРД програмите, пријавување на меѓународни проекти во соработка со соседните земји, едукација на кадарот во странство, а сé со цел афирмирање на Институтот во светски размери.

– Во Институтот за тутун од 2009 година се акредитирани втор циклус на студии (едногодишни и две годишни) кои се одвиваат во две насоки –  производство на тутун и обработка и преработка на тутунската суровина. Наставата се изведува во согласност со правилниците за постдипломски студии. Во едукативната дејност, досега се вклучени сите научни работници, а во наредниот перид е потребно и вклучување на други научни работници по однос на одделните специјалности. Бидејќи бројот на студенти се опсипува, потребно е да се направат напори за зголемување и тоа во смисла на проширување на наставните програми на последипломските студии, воведување на нови наставни програми и на специјалистички студии, подмладување на научниот кадар, како и соработка со Универзитетите во земјава и странство, чија проблематика е земјоделството, посебно тутунската индустрија. Располагаме со наставно научен кадар од сите области во земјоделството, опрема, каки и простории во кои може успешно да се изведува настава, како и површини за практична настава. Сметам дека во иднина заедно со Ректорската управа на Универзитетот “Св. Климент Охридски” треба да се покрене иницијатива за основање на високообразовна установа од прв циклус, академски универзитетски студии во соработка со другите факултети. Во тек е подготовката на елаборатот за акредитација на докторските студии во согласност со Законот за високо образование – вели д-р Мицеска, при тоа потенцирајќи дека основна мисла и работа за која ќе се залага во следниот период ќе биде нудењето на нови решенија за нови сорти, почва, сушење, заштита, квалитет на производителот, но и на откупувачот.

Loading