НАЈМЛАДИТЕ ЗА СТАРИТЕ

ОУ “Рампо Левката”

На учениците од прво до петто одделение од ОУ “Рампо Левката”  им е традиција да го посетуваат домот за стари лица “Киро Крстески – Платник”. Секоја година, ова време малите дечиња им ги честитаат на луѓето од третата доба новогодишните и божикните празници. Тие, пак со нескриена среќа и понекоја солза радосница се радуваат на овие посети и знаат дека не само што не се заборавени, туку и сакани. Монотонијата од секојдневието во домот, барем за неколку часа се разбива со детскиот џагор и подготвената програма на учениците.

Loading