Прилепчани, освен на градскиот плоштад, за Нова година ги запоседнаа Виена, Будимпешта, Париз, Истанбул, каде го осетија европскиот дух на дочекот на Нова година. Највозбудливо на прославата на заминувањето на старата и доаѓањето на Новата година поминале нашите во Нови Сад и Сомбор. Осумдесетината прилепчани, битолчани, скопјани, не само што попатно се запознале со убавините на Белград, а потоа и на Нови Сад. Се прошетале на Петроварадинската тврдина и ги слушнале нејзините тајни. Импресивно било возењето со пајтон низ Сомбор. Урнебесна атмосфера се создала на забавата на Салаш. Паднале тамбурашка песна и се чула ,,У тем Сомбору,,. Љубезните домаќини го кренале адреналинот со тамбурашка изведба на “Македонско девојче”…