Младата Ангела Реловска, покрај студиите по економија, наоѓа време и за нејзината пасија – филигранството. Умешноста ми е генетска дарба од баба ми, која изработуваше секаков накит за свадби или други свечености. Таа ме поттурна од седмо одделение да си поигрувам со бисерите и монистата. Полека научив да правам основни украси. Сега можам да речам дека “испечен” ми е занаетот. Па изработувам посложен накит за кој треба трпение и знаење – вели Ангела. Според неа, филигранството нема да замре како занает. Оти ракотворбите со ситни детали и уметнички дух внесен во секое парче накит, не може да ги замени ниедна машина. Оптимист е. Сака да продолжи со работата што ја сака, покрај тоа што е прва година на студии. Мечтае да има своја работилница, каде ќе ги продава креациите од нејзините десет прсти.