КЛОКОТ НА КУЛТУРА

ЦК “Марко Цепенков” за 2013 година

Со 4 премиери, 110 театарски претстави, околу 23 илјади посетители, триесетина изложби, многу концерти, промоции на книги, ја заврши ЦК “Марко Цепенков” минатата година, за која директорот Тони Чатлески, вели дека била успешна. Лани ги остваривме проектираните програми преку Министерството за култура. Понудивме и дополнителни раскошни содржини за збогатување на “менито од духовна храна”. И тоа со сопствени средства – потенцира Чатлески. Тој очекува побујна културна година. Многу брзо ќе биде и премиерата на претставата “Сонот на Цепенков” во режија на Кирил Петрески. Очекуваме Министерството за култура да ја објави програмата за 2013 година, па да видиме што од понудените проекти ќе ни бидат прифатени. Како и да е, нема да биде сиромашен културниот градски живот. Планираме, покрај одржувањето во живот на традиционалните манифестации, да организираме мноштво културна понуда за збогатување на градската духовна атмосфера – вели директорот.

Центарот планира покрупни зафати за подигнување на квалитетот.

– Приоритет е ставањето на киното во функција. На големото платно ќе може да се следат филмови. Со поддршка на Општината ќе се реновира дел од просторот на Мис Стон, а од Министерството за култура ќе добиеме современа дигитална опрема. Ќе се реновира внатрешноста од големата сала за поткревање на нивото на функционалност на просторот – додава Чатлески. 

Loading