Вечерва во галеријата
Изложба на 30 слики и графики од Ема Ќука, Ивана Настески и Сандра Соломонова ќе се отвори вечерва од 19 часот во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”. Трите македонски уметници првпат се претставуваат во градов. Битолачанката Ема Ќука завршила ФЛУ во Скопје (педагошки отсек со графика) во класата на проф. д-р Зоран Јакимовски. Член е на ДЛУБ , но се “пробала” и како моден креатор. Тетовчанката Ивана Настески дипломирала на ФЛУ во Скопје -отсек графика, каде и магистрирала. За творештво е наградувана на Октомвриски салон во Шабац, на четвртото интернационално биенале – мала графика во Тетово и со Гран при за графика на ДЛУМ. М-р Сандра Соломонова е дипломиран педагог графичар од ФЛУ Скопје во класата на д-р Трајче Блажески. Ова е прва изложба на Центарот на стартот на годинава, за кога се планирани изложби уште на 30 други еминентни уметници од земјата и странство.
![]()

