ДОЈДЕ ИЛИЕВСКА ОД КУМАНОВО

Ракомет

После двонеделен одмор, прв собир и ново име во женскиот ракометен суперлигаш Жито Прилеп. Дојде младата Маја Илиевска од Куманово за позициите среден и лев бек. Клубот нема амбиции за побројни засилувања, оти ниедна од есенските првотимки нема да замине. Кој сака да напушти клуб со идеални услови?!

Тренерот Борче Марковски продолжува каде застана есеноска. Ракометарките ги покажаа квалитетите и слабостите,и се открива патот кој треба да се дооди до крајот на првенството. Планирани се подготовки во градов. Се токмат контроли низ земјава, иако нема силни ривали. Извесно е учеството на турнир во Србија.

Жито Прилеп есеноска беше трет. Добро е да остане, зад скопските Металург и Вардар.

Loading