РК Прилеп
При крај е одморот за ракометарите на прволигашот РК Прилеп. Стартот на подготовките со тренерот Орде Илиески е на 21 јануари. Нема големи промени, бидејќи останува безмалку комплетниот играчки кадар од есеноска. Се повлече само пивотот Петар Когој, кој отстапува место на некој од помладите.
Клубот има стратегија за шанси на надежните. Некогаш тешко се доаѓаше во поширокиот избор на славниот Тутунски, а сега и во лошото има добро. Младите добиваат можност за континуирани првенствени настапи. Прилеп во минатото давал репрезентативци, К. Илиески, О. Илиески, Петрески, Макалоски, Кузманоски и други, но после тие генерации имаме празен период.
Подготовките стартуваат со второ место. На прозивката можно е да се појават некои повратници од странство како Дупјачанец, Ангеловски, Петкоски, Цветкоски… Сепак, мали се шансите за враќање во клубот, бидејќи се плаќа сертификат од 1500 евра, што е голема сума за аматерски клуб.