УЧЕНИЧКИ УСПЕХ НА КК ЛУКАС

Карате

Државното карате првенство за основци се одржа во Кичево, а таму нов успех на членовите од КК Лукас на професорот Ахил Јаков. Партиципираше со 11 деца, а зеде дури осум медали. Најсјајни одличја се за шампионите Звонко Николоски, Константин Василески (ОУ Кочо Рацин) и Цвете Јанеска (ОУ Рампо Левката). “Сребрени” медали зедоа Цвете Трајкоска (ОУ К. Рацин) и Симеон Мерипушкоски (ОУ Св. Климент Охридски). На пиедестал како третопласирани се искачија тројца: Давид Цветкоски (ОУ К. Гаврилоски), Бојан Гиноски (ОУ Св. Климент Охридски) и Никита Николоски (ОУ К. Рацин).

Според бројот на медали, најуспешен на првенството е КК Лукас.

Loading