Утревечер в Библиотека
Книгата ликовно дело „ј21°33’, л41°21 – кожата на прилепското поднебје,, од уметникот Петре Николоски ќе се промовира утревечер во 18 часот во ГБ “Борка Талески”.
Ова повеќеслојно дело нуди една длабинска анализа на прилепскиот предел од сите можни аспекти.
– Прилепскиот урбан пејзаж се променил, како и конфигурацијата на околните планини, шуми и пасишта по ридовите, каде што до своите петнаесетина години често одев да шетам, да собирам лешници, капинки и лековити треви. Тоа беше повод за длабинска анализа. Зашто прилепскиот предел за ликовната уметност е предизвик или магнет – вели авторот.
Промоцијата е резултат на соработката меѓу уметникот и Библиотеката.
Петре Николоски, како уметник од 1998 година живее и работи во Лондон.