НОВОГОДИШЕН ТУРНИР

Џудо

Џудо клубот Пролетер празнува, како и години наназад, со традиционалната организација на џудо забава – новогодишен турнир. Терминот е вечерва во 19 часот, во салата од СОУ “Орде Чопела”.Тоа ќе е повеќе забава отколку некој сериозен натпревар, но во секој случај полезен, бидејќи најубаво е кога сите се на едно место, до тренерот Славе Димитријоски.

Loading