Спектакуларен крај на хуманитарниот турнир “Свети Никола”
Над 2. 000 гледачи го следеа финалето
Публиката го прави спектаклот. Токму тоа се случи во неделата, на завршницата од четвртиот хуманитарен турнир во мал фудбал “Свети Никола”. Над 2. 000 гледачи присуствуваа на последните четири финални меча. Рекорд за многу години наназад. Ниеден друг настан не привлекол народ во толкав број.
Заслужени признанија од градоначалникот Марјан Ристески за шампионската екипа на Карпа, која го совлада ривалот Аптека Вивафарм Пирава со 2-1 на пенали (регуларно 0-0). Се играше цврсто, одбранбено, со далечни удари, а голманите беа јунаци. При изведба на пеналите среќата и концентрацијата на страната на Карпа, за која тренерот Петар Ветаџокоски сметаше на составот: Јолдашев, Спиркоски, Давчев, Несторовски, Г. Тодоровски, Х. Тодоровски, Гаврилоски, Ацески, Дамески, К. Ивановски, Цветкоски. Најдобар голман е Тони Димоски од Витаминка, тим поразен за трето место со 1-4 од скопски Блу бел, голгетер со 15 гола Илија Несторовски од Карпа, а играч на турнирот е Крсте Тодоров од Вивафарм.
Придонесоа ревијалните дуели. Новинарите на пенали ги добија Организаторите (регуларно 5-5), а Организаторите победија 5-4 со Бизнисмените. Мајмуните исто славеа на пенали (регуларно 2-2) против Марковите внуци, а на женскиот меч на два тима од ЖФК Победа резултатот беше 7-6.
На финалниот натпревар кој го следеа повеќе од 2000 гледачи беа доделени и наградите за најферплеј екипа “Пролетер”, најдобар голман беше прогласен Тони Димоски од “Витаминка”, најдобар стрелец Илија Нестороски од “Карпа” со 15 гола и најдобар играч Крсте Тодоров од тимот на аптека Вива Фарм Миравци.