НАСТАП НА КРСТЕСКА ВО ВИЕНА

Сограѓанката, оперската пејачка Ирена Крстеска, со колешките Милена Арсовска и Далиборка Митева имаше успешен концерт во Виена. Трите македонски пејачки настапија на концертот “Предбожикна вечер со Моцарт”. Се претставија придружувани од колегите Јерг Ешпенкот на оргуљи, Фросина Богдановска на виолина и Михаила Сричкова на виолончело.

Пејачката вели дека и било чест што била дел од концертот организиран во соработка со Амбасадата на Македонија.

Крстеска е на студиско доусовршување на Конзерваториумот во Виена.

Loading