МОЗАИЦИТЕ СЕ ВРЕДНА ТВОРБА

Александра Богоеска, уметник

“Да се изработи мозаик е тешка, макотрпна творба, но на крајот задоволството е големо, бидејќи се создало вредно уметничко дело”. Вака вели скулпторот Александра Богоеска, која годинава интензивно се посвети на мозаиците, што беа изложени во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”.

– Предизвик ми е каменот. Мислата ја преточувам во уметничко дело. Мозаикот е специфичен и по градбата и по формата. Камче по камче се реди. Тоа е тежок и макотрпен труд. Потребна е упорност, ама на крајот задоволството е големо – вели Богоеска.

Инспирација í се природата, флората, фауната.

– Преку линиите, формите, ја доловувам целината. Ги пренесувам мотивите од опкружувањето во природата. Ми лежат и мозаици со религиозните теми. Каменчињата се со различни димензии, облици, од нашето поднебје, со различна боја, односно расположивите – додава уметницата.

Последните години младите не се интересираат за мозаици. Контра на тој тренд, две години живее камената колонија со која се прави обид да се пројави интерес за оваа техника.

Loading