Вчера во 19 часот, на сцена 105 во НУЦК “Марко Цепенков” беше промовирана книгата “Сатсанг – средба со вистината” од страна на д-р Јохан Ѓорѓиоски. Делото е напишано од Павлос К. Хасанагас и помогнато од јога сојузот на Македонија кое годинава слави 40 години постоење и активно работење. Докторот Ѓорѓиоски ги образложи позитивните ефекти врз телото и духот од јога – техника за медитација и телесни вежби, пренесени од книгата.