Компанијата Комфи Ангел потпиша спогодба за соработка со универзитетот Фон од Скопје. Во содржината стои дека Економскиот факултет на ФОН во рамките на проектот “фабрика за знаење”, ќе ги трансферира најдобрите кадри во конфекцијата во Прилеп. Младите таленти ќе бидат финансиски следени со стипендии од конфекцијата од првите години на студирањето, бидејќи сметаат дека перспективите за подем и развој се во изборот на квалитетните и образовани кадровски потенцијали.
Спогодбата ја потпишаа косопственичката на конфи ангел Ирена Јакимоска и директорот на ФОН Сефер Цаноски.