ТУТУНОТ КУРТУЛИ ОД ЕВРОПСКИТЕ ЗАБРАНИ

Со новата Директива за тутунопроизводството усвоена од советот на комесари на Европската комисија до Советот на министри на ЕУ и до Европскиот парламент предложени се низа мерки со кои ќе се ограничи и забрани голем дел од производството на ароматизиран тутун.

Според МИА од Брисел, ориенталниот тутун во Македонија може да се произведува, бидејќи според Комисијата, не предизвикува проблеми како другите.

Најважно е што новата директива е недискриминирачка и дозволува да продолжи производството и употребата на тутунските брендови “Ориентал”, “Вирџинија” и “Берлеи”. Се воведуваат нови пакувања за цигарите на кои на 75  отсто од површината ќе се со слики и предупредувања за штетноста по здравјето на луѓето што го предизвикува пушењето.

– Третирањето на болестите предизвикани од пушењето чини околу 25 милијарди евра годишно. Не се забранува производството и употребата на ароматизираните тутуни, туку само на некои продукти што ги прават цигарите со вкус на ментол, чоколадо или ванила. Со тоа се привлекуваат младите да пушат цигари, а интенција е намалување на консументите на тутун за два проценти во наредните пет години во ЕУ. Пушачите не се лепрозни, туку ги штитиме непушачите од чадот на пушачите. Оние кои пушат ги предупредуваме за опасностите што ги демнат – појасни Тонио Борг, комесар за здравство и потрошувачка политика.

Loading