Фудбал
Зачестија шпекулациите дека имало заинтересирани за вложување во прилепскиот фудбал. Се споменуваат од Германија и Турција. Преговорите биле во завршна фаза и по Нова Година ќе имало разврска.
Многумина не веруваат во гласините, бидејќи често се најавуваше, но без епилог. Кој би вложувал во несредени клубови? Пожар, далечна вода, не гасни. Ако има такви јунаци отстрана, секоја чест и со среќа. Единствена сламка што може да влече е брендот Победа.
Ако се тера неизвесноста, не се пишува добро. Некогаш доаѓаа, се нудеа докажани професионалци од земјава и странство. Сега нашите надежи бараат излез. Можно е да остане статус кво, а тоа значи клубовите да ги потпомагаат општествено најодговорните, односно истите кои помагаа децении наназад. Без нивната помош и ова што е, ќе го снема.