ОУ “Блаже Конески”
ОУ “Блаже Конески” го прослави патрониот празник со низа активности. Датумот е ист со патронот на градот па прославата ја започнаа со посна закуска, по што следеше промовирање на новиот амблем на училиштето. Како гест на благодарност за родителите кои помогнаа за Денот на јаболкото, им беа доделени благодарници.
Го посетија домот на Блаже Конески во Небрегово и со литературно читање му се оддолжија на најпознатиот македонски академик.
Манифестацијата заврши со свечена академија во “Војдан Чернодрински”.
ОГРАДА ЗА УЧИЛИШТЕТО
Заобиколено е со ограда училиштето “Блаже Конески”. Со металната рамка децата се побезбедни, а наставниците имаат поголема прегледност на патот кој е важна сообраќајница што ги поврзува населбите Точила и Варош.
Локалните власти за оградата одделија 2,4 милиони денари.