Алтеранитвните панк-рокерски прилепчани “Д Хаундс” и скопскиот хипхопер Тони Зен снимија новогодишен пародичен дует што неслучајно е насловен “Среќна Нова”. За оваа необична и уникатна соработка изработен е и видео запис, кој се снимаше на неколку локации во Прилеп, под режисерска палка на Даниел Јовески. Песната на сатиричен начин го доловува вообичаеното прославување на најлудата ноќ. Остриот јазик на раперот нема никого да остави рамнодушен. За тоа сведочат лајковите и коментарите на Јутуб страната http://www.youtube.com/watch?v=nekWbLOCo0U&feature=share.
Воедно, оваа група во подем, ќе ги забавува прилепчани токму за Нова година.