“АНГЛИЧАНИТЕ” ОД ЕКОНОМСКО

Во пресрет на  новогодишните и божикните празници и англиската секција при СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” ја развеселува атмосферата во училиштето. Вредните раце на учениците изработија новогодишни декорациии кои ги красат кабинетите и ходниците. Продажбите, како и на претходните празници, се во полн ек. Се продаваат вкусни новогодишни колачиња, традиционален божиќен пунч, најразлични украси. Новогодишните картички се неизбежен дел од овие продажби, со кои учениците ќе ги изненадат своите другарчиња и своите наставници.

За католичкиот Божик, англиската секција организира старата американска традиција “Сецрет Санта” или Таен Дедо Мраз. По симболична цена ќе се купуваат и ќе се разменуваат подароци со оној чие име паднало во тајното влечење. Елементот на изненадување е најинтересниот дел, а уште поинтересно е што учество ќе земат и волонтерите од Америка на Мировниот Корпус кои ќе гостуваат за празниците.

Активностите служат да ги доближат учениците на традицијата на прославување на божикните и новогодишните празници во Америка. Собраните средства ќе се насочат во хуманитарни цели.

Учениците од англиската секција ја честитаат Новата Година и порачуваат –  “Не заборавајте дека на Божик се случуваат чуда”.

Loading