ПРОМОЦИЈА НА ДИПЛОМЦИ И МАГИСТРИ

На Економскиот факултет

На над 150 економисти и на над 20 магистранти на Економскиот факултет, деканот Ѓорѓи Манчески им ги врачи дипломите во присуство на претставници од Универзитетот “Св. Климент Охридски” и градоначалникот Марјан Ристески.

На завршените економисти им беше посакана плодна имплементација на стекнатото знаење  во корист на економскиот развој на земјата.

Градоначалникот Ристески се надева дека стопанствениците ќе препознаат квалитетни менаџери.

Loading