Џудо
Не се инфериорни прилепчани и на гости на државното екипно првенство во џудо во Скопје. Доминира ЏК Пролетер. Шампион е за сениори, откако во 1. коло е совладан Миоки од Скопје, а потоа градскиот ривал Сеишин. Титулата ја донесоа: Никола Велески, Александар Атанасоски, Бојан Крагуески, Владимир Стојаноски, Александар Димитријоски, Бојан Севдиќоски, Петар Крстески и Даниел Стојаноски.
ЏК Сеишин е задоволен со третото место кај сениорите, а првото кај сениорките. Тие се шампионки за 2012. Со ова заврши системот натпревари за оваа година. Според клупската статистика, врз база на освоените бодови, Сеишин е втор во севкупен пласман во државата, зад скопски Миоки.