Градоначалникот Марјан Ристески оди на трет мандат

Во очи на големиот христијански празник Св. Никола, од пред шест години патрон на градот, градоначалникот Марјан Ристески, ја објави кандидатурата за трет мандат за градоначалник од најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ:
– Целта е една и едноставна. Заедно со Вас да продолжиме да го градиме и уредуваме европски Прилеп, односно да реализираме реални проекти, а не да нудиме неразумни и неиздржани идеи. Впрочем, искуството од минатите години е гарант за добрата заедничка иднина. Денес е многу полесно бидејќи не почнуваме од нула како во 2005-та – со задолжена и уништена општина. Денес имаме високи критериуми и јасни принципи за работа кои заеднички со Вас ги наметнавме. Докажавме дека за успех е потребна деноноќна работа. Го променивме изгледот на скоро секоја улица, секое маало, секоја урбана и месна заедница. Но, најбитното во ова е што идеите ни ги дававте Вие, граѓаните на европски Прилеп. Во тоа е големината на овој тим кој што се раководи од неколку практики: искреност, креативност, упорност, чесност и транспарентност.
Ова се дел од проектите кои ќе ги реализираме во наредниве четири години:
1. Развој на новата слободна економска зона и изградба на инфраструктура во новите индустриски зони: Прилеп 1, Прилеп 2 и Прилеп 3, со цел намалување на невработеноста и развој на економијата во градот.
2. Изградба на инфраструктура во новата населба Градина.
3. 70 км нова канализациона мрежа во Прилеп и населените места со прочистителна станица – проект вреден 20 милиони евра – средства обезбедени од ЕУ и Владата на Р. Македонија.
4. Фабрика за рециклирање на отпад, производство на електрична енергија и биогас.
5. Реконструкција на влезовите во градот и изградба на нови и современи кружни текови.
6. Комплетно покривање на Дабнички канал.
7. Изградба на нова детска градинка, реконструкција и проширување на капацитетот на постојните.
8. Континуирано инвестирање во основните и средни училишта и изградба на ново основно училиште за УЗ Сточен пазар и УЗ Жабино маало.
9. Реконструкција и осовроменување на градскиот стадион Гоце Делчев по англиски терк, по УЕФА стандарди со капацитет од 12 – 15 илјади гледачи.
10. Реконструкција на Маркови кули и изградба на импозантен споменик на Крал Марко.
11. Паркови во секоја УЗ и реконструкција на платото околу градскиот часовник и старата чаршија.
Како и многу, многу други проекти во кои можат да се препознаат граѓаните на Општина Прилеп.
Мои сограѓани, овие проекти ја заслужуваат вашата поддршка. Тие се реални и издводливи, но што е најбитно се од огромно значење за подобрување на квалитетот на општественото живеење. Заедно можеме повеќе. Заедно сите прилепчани од Тризла до Варош, од Рид до Тризла, заедно и млади и стари и православни и муслимани.
Заедно, бидејќи немаме резервен Прилеп, немаме простор за експерименти, немаме време за губење. ВМРО – ДПМНЕ ја нуди вистинската програма прифатлива за сите вас – рече Ристески.
![]()

