ПОЕТСКО ЧИТАЊЕ ПО ПОВОД СВЕТИ НИКОЛА

Дваесетина поети од земјава учествуваа на поетското читање во Библиотеката за патронот на градот Свети Никола.

– Поетите од Прилеп, Кавадарци, Охрид, Битола, Штип, Велес, Скопје, Куманово го чествуваа Свети Никола, заштитникот на градот. Целта ни беше да го одбележиме празникот – изјави Цеца Видова – Трајческа, претседател на Клубот на литературни творци – Прилеп.

Организатор на чествувањето беше Клубот, а како гости се појавија претставници од Сојузот на писателски асоцијации на Македонија.

Loading