ПОДДРШКА НА КАНДИДАТУРАТА НА РИСТЕСКИ

ОО на СПМ

Општинската организација на Социјалистичката партија на Македонија – Прилеп целосно ја поддржува кандидатурата на Марјан Ристески за градоначалник  на Општина Прилеп.

 

Според социјалистите, во изминатиот период Ристески покажал како треба да се работи и како се развива еден град.

– Застануваме зад кандидатурата на Марјан Ристески за градоначалник на Општина Прилеп. Уверени сме дека граѓаните ќе покажат мудрост при изборот на вистинскиот кандидат на наредните локални избори за најдоброто на градот и искрено веруваме во продолжувањето на развојот на Прилеп како европски град – велат од СПМ.

Loading