ЈП Водовод и канализација воведе безготовински начин на плаќање на водата со дебитни и кредитни картички од сите банки со цел да ја подобри наплатата, иако околу 90 проценти од граѓаните се дисциплинирани и редовно плаќаат.
– Тројца наплатувачи располагаат со мобилни читачи на картички со кои ја наплатуваат, без провизија, стасаната сметка. Читачи на картички се поставени и во двата наплатни пункта, а покрај едниот има и банкомат. Со картичка може да се плати и заостанат долг на 20 еднакви рати, без тужби или да се губи време за процедура за потпишување на договори за одложено плаќање – вели Кире Китанов, од ЈКП Водовод и канализација.
Покрај скопското водоводно претпријатие, Прилеп е втора општина каде водата се плаќа со картички, покрај готовинскиот начин на измирување на сметките.
За инсталацијата на техниката претпријатието не вложи ниту денар од трошоците на опремата, вредна околу два милиони денари, зошто е донација на една банка.