Во градинката Вишне
Децата, родителите и вработените од градинката Вишне, направија кукли и други играчки, кои ќе им ги подарат на болните деца за време на новогодишните празници. Вторпат годинава се одржува хуманитарната акција “Прегратка на дар” во организација на НВО “ДАНУ филантропија” со спонзорство на Битолската млекарница.
После куклите, спремни како празнични пакетчиња, децата не трепнаа со очите, гледајќи ја “битолската чупа” – заштитното лице на Битолската млекарница, која како пресликана од пакувањето на млекото, им објаснуваше за убавината на млечните производи и нивното значење за здрав живот.