Неколку ученици од СОУ “Ѓорче Петров” присуствуваа на манифестацијата Денови на занаетчиството. Додека старите занаетчии – бербери – добиваа награди за животната дејност, младите покажуваа што научиле на пракса, па ги дотеруваа соучениците, небаре во фризерски салон. Со ентузијазмот прикажан од учениците, берберите можат комфорно да уживаат во пензијата, знаејќи дека ќе имаат достојна замена.